На последниот НВО саем во Делчево

Претставени 40 НВО

На 25 и 26 април 2007 година, во Делчево се одржа Четвртиот регионален саем на невладини организации. На саемот се претставија 40-тина организации од регионот – Делчево, Виница, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, а гости беа организации од Бугарија. Над 20.000 граѓани ги посетија изложбениот дел, форумите и социо-културните настани.

Саемот го отвори г. Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, а учесниците и посетителите ги поздрави амбасадорот на ЕУ во македонија, неговата екселенција Ерван Фуере, кој рече дека нивното присуство испраќа важна порака на властите – дека се партнер со кој треба да соработува за развојот на општеството. На отворањето на саемот се обратија и г-ѓа Орхидеја Каљошевска, претставник на Секретаријатот за европски прашања, и градоначалникот на Делчево, г. Мирко Иванов. Кабинетот на претседателот на државата го претставуваше г. Стево Пендаровски, советник за надворешна политика на претседателот.

Саемот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, со логистичка помош од Центарот за поддршка на НВО од Делчево, а во името на Граѓанската платформа на Македонија. Тој е е дел од проектот „Поддршка на националниот форум/Платформа на граѓанското општество”, финансиран од ЕУ, а раководен од Европската агенција за реконструкција.

М.И.