Крива Паланка
Јавна расправа за далноводот Македонија-Бугарија
Во Собранието на општина Крива Паланка, во организација на Електростопанство на Македонија, на 16 април годинава се одржа јавна расправа на темата „Изградбата на нов далновод помеѓу Македонија и Бугарија и Студијата за оценка на влијанието врз животната средина од неговата изградба и работа“.
ЕКО-АВТОБУС
Малку поинаку, многу подобро
По повод 22 април, денот на планетата Земја, а во рамките на проектот „Еко-автобус“, Здружението на граѓани „Проактива“ од Скопје на 19 април годинава организира промоција на два автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои работат на природен гас. Про­моцијата се организира под мо­тото „Малку поинаку, многу по­добро“. „На сите заинте­ре­си­рани им поделивме печатен мате­ријал со податоци за зага­ду­вањето во Скопје и во Маке­донија, особено од загадувањето од транспортниот сектор и какви би биле придобивките за жи­вотната средина доколку авто­бусите од јавниот транспорт се пренаменат да користат природен гас“, изјави координаторот на Проектот, Владимир Карчиски од „Проактива“.
НА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Едукација на најмладите
Меѓународниот Ден на планетата Земја, кој годинава беше посветен на животниот ресурс - водата, традиционално се одбележа и во Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Љубомир Јанев, за важноста на животната средина и нашиот однос кон неа им зборуваше на најмалите во детската градинка “Пролет” и Фран­ко­фонската градинка. Децата од овие две градинки орга­низираа приредби за своите родители и гостите.