Меѓународна мрежа
Во фокусот етничкото помирување на западен Балкан
Inter@nic network е мрежа на млади истражувачи чиј интерес се малцинските права, постконфликтна реконструкција, меѓуетничко помирување и дијалог во регионот на западниот Балкан. Главна цел на мрежата е да создаде онлајн-платформа која ќе служи како простор за податоци, информации и размена на препораки. Примарната цел на создавањето на мрежата е дисеминација на резултатите од истражувањето на МИРИКО (МИРИЦО) во сите поврзани дисциплини (право, социологија, историја, политички науки итн.), додека подоцна треба да служи како форум за размена на идеи и истражувачки наоди во врска со блиската историја и нејзините импликации врз денешните општества. Повеќе информации на: www.eurac.edu/mirico. Доколку сте заинтересирани за зачленување во мрежата, контактирајте со Антонија Петричушиќ на antonija.petrusic@uni-graz.at
|
|