Имплементацијата на индексот на граѓанското општество во Бугарија

Увезени вредности заедно со донаторски програми

Индекс на граѓанското општество ИГО е партиципативен проект за дејствување и истражување којшто ја оценува состојбата со граѓанското општество во земјите во светот, користи пристап на сеопфатна имплементација и широк ранг методи на истражување

Проектот Индекс на граѓанското оп­штест­во (ИГО) се имплементираше во Бугарија од декември 2003 година до март 2005 година од страна на Асоцијацијата Бал­кан асист (БАА). БАА се пријави за овој проект свесна дека дотогаш во Бугарија никој немаше извршено такво сеопфатно истражување, кое кулминира со Нацио­нал­­ниот извештај за граѓанското општест­во. Исто така, целта на проектот ИГО бе­ше во согласност со мисијата на БАА да про­­мовира учество на граѓаните во раз­во­јот и имплементирањето на новите прак­ти­­ки/политики за директно учество на гра­ѓаните, добро владеење и работа на по­добрување на законите во врска со гра­ѓа­нското учество и правата на граѓаните.

Индекс на граѓанското општество ИГО е пар­тиципативен проект за дејствување и ис­тражување којшто ја оценува сос­тој­ба­та со граѓанското општество во земјите во светот, користи пристап на сеопфатна имплементација и широк ранг методи на истражување. Фокусот на истражувањата во Бугарија беше ставен на консултации со акционерите на регионално ниво и спро­­ведување анкети на национално ни­во. Поедниечните методи што беа импле­мен­таирани се изнесени подолу по редослед на нивното имле­мен­тирање:

-  Секундарни извори: Проектниот тим започна со пре­глед на информациите од многуте постоечки студии и истра­жу­ва­чки про­екти на тема граѓанско општество, како и на другите слич­ни теми. 

-  Анкетирање на регионалните акционери: Беа испи­ту­вани претставници на граѓански и владини организации, како и претставници од бизнис-секторот и други акционери во осум се­лектирани региони. Се контактираше со околу 100 лица и беа пополнети 73 прашалници. 

-  Консултации со регионалните акционери: Консултациите се вршеа во осум региони во Бугарија со поддршка од страна на проектот Читалишта на УНДП. Во консултациите учествуваа око­лу 105 лица, кои дискутираа за резултатите од анкетата и на дру­ги теми. 

-  Анкетирање избрано население: Околу 1000 случајно избрани возрасни лица од Бугарија беа анкетирани.  

-  Набљудување на медиумите: Два медиуми – еден наци­о­на­лен и еден регионален весник беа набљудувани во период од три месеци во врска со нивното покривање на темите, лицата и вред­ностите на граѓанското општество.

Проектот кулминира со Националната конференција којашто се одвиваше на 10.03.2005 година во Софија. Околу 80 лица учест­ву­ваа во настанот покажувајќи го својот интерес за напорите на БАА за имплеметирање на ЦИВИКУС (CIVCUS – Civil Society Index Project).

Главната цел на работилницата беше презентирање на на­ци­онал­ни­от извештај „Граѓанско општество без граѓани”, градење за­ед­нич­ко разбирање за состојбата со граѓанското општество во Бугарија и формулирање предлог-решенија за надминување на недостатоците што беа идентификувани како резултат од анке­ти­те. Со таа цел, ви ги претставуваме резултатите од анкетите и Ди­ја­мантот на граѓанското општество.

Заклучоците од Извештајот за граѓанското општество во Бугарија се следните: 

-  Структурата на граѓанското општество во Бугарија не е ре­пре­зен­тативна (се карактеризира со низок степен на ин­ди­ви­ду­ална партиципација, низок степен на доверба и зависност од над­во­реш­ни донатори) – резултатот од оваа димензија е 1,1; 

-  Средината е прилично поволна, меѓутоа не се применуваат сите постоечки правила, закони и поттици (мотиви) – резултатот е 1,3;

-  Вредностите би можеле да се наречат „увезени” – заедно со донаторските програми. Во секој случај, резултатот е нешто по­ви­сок  - 2,1;

-  И конечно, влијанието не е директно кога станува збор за корисниците (нема директно влијание на нив) – резултатот е 1,5.

Во поглед на Наци­о­нал­ни­от из­вештај, учес­ни­ци­те во работилницата се согласија со по­ве­ќе­то заклучоци и со ре­зул­татите, но сепак има­ше и некои се­ри­о­з­ни забелешки за раз­би­ра­њето на поимот „гра­ѓа­нско општество”.  

Според мислењето на учесниците, Работилницата беше успешна. Доколку би требале да истакнеме некои докази, би рекле дека:

-     Беше посетена од голем број луѓе од најразлични сфери;

-     Добро беше покриена од страна на медиумите;

-     Учесниците даваа соодветни и корисни коментари и пред­ло­зи;

-     Добивме јавно одобрување за резултатите и заклучоците од извештајот;

-     Се основа добро структуирана работна група, која ќе треба да работи на сметката преку којашто ќе се овозможи  пренос на 1% од даноците на луѓето во корист на граѓанските орга­ни­за­ции.

Националниот извештај ќе биде наскоро издаден (најдоцна до средината на јули, 2005 г.), а Националниот индкс-тим ќе стори си што може да го дистрибуира насекаде.

Балкан асист – Асоцијација за партнерство и поддршка на граѓанската активност