НАСТАНИ
ЖИВОТНА СРЕДИНА
ПЛАНЕТУМ
Помалку пластична амбалажа!
Еколошкото друштво „Планетум” од Струмица спроведува кампања за помало користење на пластичната амбалажа во секојдневниот живот и за рециклирање на пластиката. Кампањата се спроведува во рамките на проектот поддржан од Институтот за трајни заедници, кој опфаќа и едукативна компонента. Целта е да се променат одредени навики кај луѓето и да се подигне нивната свест за опасностите кои ги предизвикува пластичниот отпад во околината, кој не се разградува со стотици години и предизвикува токсично загадување на природата. „Планетум” ќе се фокусира на помала употреба на пластичните кеси во трговијата, помалку користење на пластични фолии во земјоделството и градинарството, што си заедно, покрај еколошките, има и економски ефекти.
М.И.
|