ПРЕТСТАВНИК НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА

Човековите права - фокус на посетата

Во јуни Турција беше посетена од прет­ставникот на Советот на Европа, комесарот за човекови права, Алваро Жил Робле. Официјалната дводневна посета опфати повеќе средби со претставниците на турската влада, на парламентот и на судските и другите органи на правдата.

Целта, секако беа човековите права и нивното остварување во Турција. Коме­сарот преку оваа посета изврши и ева­луација на реформите кои неодамна Турција ги спроведе во областа на чове­ковите права. Тој се сретна и со прет­ставници на локалната самоуправа и на граѓанските здруженија надвор од тур­ската престолнина.

М.И.