публикации
Прирачник за граѓански организации – извори на финансирање од Европската Унија
Прирачникот беше подготвен со цел да го преброди расчекорот и е пионерски потфат во обезбедување сеопфатни и ажурирани информации и достапност до инструментите на ЕУ за финансирања значајни за граѓанските организации во регионот и пошироко. Европската комисија е најголемиот донатор во Европа. Се проценува дека 1 милијарда евра (од вкупниот буџет од 100 милијарди евра) се расположливи за проекти на граѓанските организации, а тоа е врвот на ледениот брег. Публикацијата беше подготвена од Сервисот за европска граѓанска акција ЕКАС (ЕЦАС), Брисел, Белгија, и издадена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Секретаријатот на мрежата БЦСДН (БЦСДН). Балкански граѓански практики е периодична публикација и се печати еднаш до два пати годишно. Секое издание од публикацијата содржи прилози со фокус-тема и поврзани содржини, основани на претходно одржан семинар/работилница/обука на истата тема.
Родовата еднаквост и локалната самоуправа - Општина Велес
„Родовата еднаквост и локалната самоуправа - Општина Велес”, е една од петте студии, што како серија, во рамките на програмата „Развој и поддршка на иницијативите на активистките од локалните заедници” ги објави здружението на граѓани „Акција здруженска”. Другите се однесуваат на општините Битола, Свети Николе, Куманово, Велес и Дебар.
|
|