ЖЕНИ

 ИНИЦИЈАТИВА НА ОЖ КРИВА ПАЛАНКА

ИНФОРМАЦИИ ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЖЕНИ

По иницијатива на Организацијата на жените од Крива Паланка, од неодамна, работи Центарот за едукација и подобрување на пристапот до информации и комуникативни извори за невработени жени, со цел да ги зголеми нивното знаења и можностите за вработување.
Преку обуки на околу 200 кривопаланчанки, Центарот ќе им излезе пресрет на потребите на наевработените жени и на жените од социјално загрозени семејства од Крива Паланка. Овој центар на жените од Крива Паланка им овозможува комуникација преку интернет со локалните и со регионалните институции за барање работа и за промовирање на нивните знаења и вештини преку користење на модерните технологии. На заинтересираните жени им се нуди и можност за започнување со мал бизнис преку интернет-контакти со потенцијални муштерии или инвеститори, како и вклучување во јавниот и политичкиот живот како неопходна компонента во модерната демократија.
Покрај обуките, жените ќе имаат можност преку работилници да се информираат за трговијата со жени, за проституцијата, за семејното насилство, за претприемништвото, за малите бизниси и за родовата дискриминација.
Проектот е финансиран од страна на “Schools Online” и “Global Catalyst Fondation”.                                      

  Д.М.