31 јуни
ВО МАЛИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ТОЧКА: Манифестација во чест на женскиот карван
Во Малиот културен центар Точка кој се наоѓа на улица "Илинденска" бр. 38 во Скопје, последниот ден на јуни ќе се случи манифестација во чест на карванот на жени од поранешните републики на СФРЈ кој патува низ некогашната заедничка држава, посетувајќи ги местата на конфликтот и местата на надежта. Карванот е проект координиран од француската организација Трансеуропеан, а во Македонија партнер е Институтот Отворено општество Македонија.
|