Протестно писмо до спикерот Јордановски
Екомисија го бара законот против пушење
Еколошкото друштво Екомисија, по повод Денот против пушењето 31 мај и одложувањето на примената на законот против пушењето, упати протест до претседателот на Собранието Љупчо Јордановски. Во протестот од спикерот Јордановски се бара итно влегување во сила и примена на Законот кој иако е донесен веќе десетина години, воопшто не се почитува. Во Екомисија потенцираат дека протестното писмо заради одложувањето на примената на законот ќе го испратат до сите релевантни институции, а истовремено ги повикуваат сите еколошки граѓански организации и граѓани да упатат писма со слична содржина до македонскиот законодавен дом. Акцијата против пушењето, според Екомисија, ќе продолжи со разгледување на законот кој има многу пропусти кои ќе ја отежнат неговата примена. Најавуваат дека за сите правни несогласувања ќе лобираат кај надлежните да се изгласаат амандмани со кои докрај ќе се заштитат животната средина и правата на непушачите. С.Н.
|