Како се распределува буџетот на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика на конкурсот за поддршка на проекти за згрижување на жртви на семејно насилство одлучил поддршката да и ја даде на Организацијата на жени на град Скопје со образложение дека таа организација имала најмногу бодови при оценката на исполнувањето на критериумите. На ова реагираше Шелтер-центарот - прифатилиште за жени и деца жртви на семејно насилство. Тие сметаат дека неправедно се заобиколени при распределба на средствата. Од Шелтер центарот во повеќе наврати аргументираа зошто сметаат дека тие се единствената организација која има искуство, простор и човечки капацитет да спроведува вакви проекти. Граѓански свет во следниот број ќе се обиде да ги презентира мислењата и аргументите на сите вклучени страни во овој настан.
|
|