ОЖ “ТЕРЕЗА” - РЕСЕН И КЕГМЕ – АТИНА

Обука за екоагротуризам

Дваесет и две жени од преспанскиот регион беа обучени од областа на екоагротуризмот, за развој на туризмот и претпријатијата.

Проектот имаше за цел да се зајакне социо-економската позиција на жената во руралните средини и таа да даде свој придонес во развојоот на за­едницата во својата земја во областа на туризмот, да се промовирааат добро­соседските односи и соработка во туризмот, и да се осознае повеќе за културното и еколошкото богатство на преспанскиот регион. Овој проект го реализира Организацијата на жените на град Ресен „Тереза“, членка на СОЖМ, во соработка со Медитеранскиот женски центар КЕГМЕ од Атина, со поддршка на Општината Ресен.

Обуката опфати два дела, посета на Отешево, и на Герман и околните села, Грција, и 12-дневна обука на која  учествуваа и четири жени од Агротуристичкото здружение на Албанија, а учествуваа и експерти од Грција и од Маке­донија. На крајот се формира мрежа од трите агро­туристички здруженија од Македонија, од Грција и од Албанија која ќе има за цел размена на искуства и соработка. Проектот е фи­нансиран од ГТЗ и од Министерството за надворешни работи на Грција.

Д. М.