РОДОВИ ПРАШАЊА

Насилството врз жените во транзициска Европа

Граѓанската организација Женска инфотека ги објави резултатите од истражувањето за насилството врз жените во публикацијата „Додека не престане насилството врз жените во транзициска Европа“. Истражувањето се вршеше во текот на февруари 2003 во 9 земји од источна Европа (Албанија, Босна и Хер­цеговина, Хрватска, Чешка, Македонија, Молдавија, Србија и Црна Гора, вклучувајќи го и Косово, Словачка и Украина).

Ова истражување има за цел да определи до кој степен медиумите го покриваат проблемот на насилство врз жените, просторот кој медиумите му го отстапуваат и профилот на жртвите, извршителите на насилството и самиот чин на насилство. Публикацијата е достапна во седиштето на  Женската инфотека, на ул. Варшавска 16, 10 000 Загреб, Хрватска.

Т.Х.