РОМАНИЈА

Казни поради дискриминација на Ромите

Две компании од Ботосани, во Романија, се казнети поради дискриминација на Роми. Станува збор за два бара кои не дозволувале влез за ромските граѓани, а во еден од нив бил истакнат написот “Не служиме Роми”.



Казната уследила откако инспекторите на Националниот совет за борба против дискри­минацијата ја утврдиле оваа состојба.

М.И.