Дали знаевте...

Дека непрофитното вработување во пет земји од Централна и Источна Европа  (ЦИЕ) броеше нешто повеќе од еден отсто од вкупното вра­ботување во 1995 година? Ова беше значително под западноевропскиот еквивалент од седум отсто, но сепак забележително ако се земе предвид исклучително кратката временска рамка од само пет години во текот на кои секторот имаше релативно отво­рени можности за развој


 Дека во една земја од ЦИЕ за која имаме податоци, поточно Унгарија, непрофитното вработување порас­нало за 37 отсто помеѓу 1990 и 1995 година, отворајќи повеќе од 12.000 нови работни места. Оперативните трошоци на овој сектор, прилагодени кон инфлацијата, двојно се зголемија во текот на овој петгодишен период. Додека порастот низ целиот регион малку е намален од 1995 година, предвиденото свртување кон отка­жување од државното здравство, образование, социјално осигурување и други функции во најблиска иднина ветува да го поттикне понатамошниот растеж.

 Културата и рекреацијата доминираат со составот на непрофитниот сектор во ЦИЕ многу повеќе отколку соци­јалните програми. Цели 35 отсто од сето непрофитно вработување во ЦИЕ е во културата и рекреацијата, споредено со 10 отсто во Западна Европа (види графикон доле)