Фондација за развој Анадолија

Фокус на проекти за едукација и хуманитарна помош

Фондацијата за развој Анадолија, основана во 1981 година во областа Ван, во источна Турција, со цел да ја обнови и промовира обновата и развојот на областа која која претрпела огромна штета од земјотресот во 1976 година, во Скопје со свое претставништво е присутна веќе четири години. Седиштето на фондацијата е во Анкара, Турција, а во светот по потреба се отворени претставништвата освен во Македонија, и во Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, Пакистан, Иран и Албанија. Во нашата земја Фондацијата која инаку добива придонеси од национални и меѓународни организации за големи проекти, како што се: помош за бегалците од воените жаришта, природни непогоди, работи со свои средства и е фокусирана на имплементирање на проекти за обука, организирани во и надвор од претставништвото, за развивање релевантни и административни и логистички активности (бесплатни курсеви за турски и англиски јазик, компутери, семинари, помош во реализирање на одредени активности  на локални невладини организации). Фондацијата организира и делење хуманитарна помош за децата без родители и населението кое живее и во руралните средини.  Соработува и со НВО од Гостивар “Адексан” и “Радички прогрес” а за идната година е планирано проширување на едукативните активности и во Битола. Во 2005 година Фондацијата за развој  Анадолија во Македонија ќе работи и на едукација за изработка на ракотворби со фолклорни мотиви, ќе помага во организирањето на  културни манифестации од мултиетнички карактер, како и во опремувањето на училници за дневен престој, претшколски установи за сите етнички групи. Контакт: њњњ.акв.орг.тр. тел: 02/329 8362. 329 8364

К.Б.