Финансирање од страна на ЕУ

За прашања поврзани со финансирањето од страна на ЕУ, инструментите кои ги нуди, кој е начинот на аплицирање на граѓанските организации, во прилог се одговорите до страна на ЕЦАС (Еуропеан Цитизен’с Ацтион Сервице) кои беа одговорени во рамките на Бирото за помош на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, чиј секртарјат се наоѓа во МЦМС.
 

Инструменти за претпристапна помош ИПА

Кога ќе заврши помошта на КАРДС?  

Спроведувањето на проекти кои се финансирани или треба да бидат финансирани од КАРДС 2005 треба да заврши во 2008 г., а со КАРДС 2006 во 2008 г. – програмата КАРДС 2006 треба да заврши во 2009 г. КАРДС 2006 веќе е лансирана.  

ИПА 2007 е во подготовка и најверојатно ќе отпочне во текот на 2008 година.

Која е моменталната  улога  на инструментот ИПА?

ИПА ги заменува петте претходни инструменти за претпристапување, ФАРЕ, ИСПА, САПАРД, турскиот инструмент, и КАРДС, обединувајќи ја под една правна основа сета помош за претпристапување.

ИПА има пет компоненти: помош за транзиционално и институционално јакнење; прекугранична соработка; регионален развој; развој на човечките ресурси и рурален развој. Потенцијалните кандидати можат да ги користат само првите две компоненти, додека земјите кандидати имаат пристап до сите пет компоненти.

Спроведувањето на помошта од ИПА се обезбедува преку годишни и повеќегодишни програми, како што е наведено во регулативата наЕвропската Комисија за спроведување на ИПА. Сите програми се создадени според повеќегодишни документи за планирање, тригодишен стратешки документ за секоја земја, каде Комисијата ги претставува најголемите области на интервенција и главните приоритети.

ИПА ќе обезбеди вкупно 11.468 милиони евра (тековни цени) во периодот 2007-2013 г.

За повеќе детали околу ИПА, погледнете ја ИПА регулативата и Правила на за спроведување на ИПА.

Кога се очекува првиот повик за предлози на ИПА? 

Поголемиот број проекти кои треба да се финансираат од страна на ИПА 2007 ќе отпочнат во текот на првиот квартал на 2008 година.

Како ИПА цели на граѓанскиот сектор?

Како што е наведено во Стратегијата за проширување и главните предизвици 2007-2008, издадена од Комисијата на 6 ноември 2007 година, Комисијата ќе основа нова финансиска програма во рамките на ИПА за развој на граѓанското општество и дијалог. Ќе се планираат национални проекти и проекти за повеќе корисници координирано, со цел да се поттикне развојот на граѓанското општество во секоја држава. Целта ќе биде да се зајакнат телата на граѓанското општество и нивната улога во политичките процеси, да се зголеми капацитетот на граѓанските организации за развој на прекугранични проекти и мрежи и претставниците на граѓанското општество и водачите на мислења да се запознаат со работата на ЕУ. Програмата ќе го подобри капацитетот на локалните граѓански организации за граѓанска мобилизација, застапување, развој на проекти и управување со цел да се поттикне мрежно работење и ќе го поддржи нивниот дијалог со соодветните тела во ЕУ. Ќе се покријат следниве сектори: човекови права, еднаквост на половите, социјална вклученост, здравство, животна средина, деловно посредување и застапување, заштита на потрошувачите. Програмата ќе промовира соработка и пренесување практично знаење помеѓу бизниси, синдикати и професионални организации во земјите партнери и соодветните организации на ниво на ЕУ. Ќе се основа и програма на посетители за да се запознаат со клучните креатори на мислења поврзани со работата на ЕУ, кои се активни во националната и локалната политика, религијата, новинарството, синдикатите, бизнис-здруженијата и да ги поврзе со нивните колеги од ЕУ. Конкретни информации за оваа програма ќе бидат достапни на почетокот на 2008 година.