27-29 јуни
Детски камп “Итар Пејо”
Еколошкото друштво „Кајмакчалан“, во соработка со општина Старавина и ликалните жители, организира детски камп, наречен „Итар Пејо“, на кој ќе присуствуваат 18 деца со свои ментори. Децата ќе бидат избрани како автори на најдобри ликовни и литературни творби на тема Мариово и, со посебен акцент ликот на Итар Пејо, по објавениот конкурс. Овој детски камп ќе биде проследен со бројни активности (посета на природните локалитети, културните вредности на Мариово, работилниници за производство на сирење и вртење мед, раскажување на мариовски приказни од страна на постарите жители). Кампот е дел од проектот што се спроведува во рамките на програмата „Живо наследство“ на фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт отворено општество – Македонија.
|