ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Евро програма за Хрватска од 62 милиони евра
Европската комисија на 6 јуни ја лансираше Евро програмата за Хрватска, која во 2003 година ќе поддржи повеќе иницијативи, со вкупна вредност од 62 милиони евра.
Оваа програма е дел од процесот за помош на Хрватска во нејзиниот пат кон евроинтеграцијата. Програмата ќе биде реализирана преку Владата на Хрватска, во следниве области: економски и социјален развој (17,5 милиони евра); заштита на животната средина (3,7 милиони евра); демократска стабилизиација (17 милиони евра); правни и внатрешни работи (12 милиони евра) и градење на капацитетите на администрацијата (11,8 милиони евра). Овие средства ќе ги имплементира Европската комисија во директна соработка со хрватската влада, но со широка вклученост на целото хрватско општество.
М.И.
|