6-8 јуни
Денови на културата во Врапчиште
Здружението „Милениум“ од Врапчиште организира Денови на културата, на кои Ќе го претстави културното наследство на ова село. Деновите опфаќаат спортски натпревари (со најголемата атракција - борба на пеливани), дефиле на народни носии, трибина и отворање музеј-соба. Оваа активност е дел од проектот поддржан со програмата „Живо наследство“ на белгиската фондација Крал Бодуен и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
|