НА МЛАДИНА МОВИТ
Младински ресурсен центар за ЈИЕ
Националната агенција за младински програми – НА МЛАДИНА МОВИТ од Љубљана, Словенија, отвори Младински ресурсен центар за Југоисточна Европа.
Центарот има и веб-страница: http://mladina.mobit.si. На неа можат да се најдат информации поврзани со најавените активности на Младинскиот ресурсен центар, за програмите на Центарот, а можат да се прочитат и детали за неговата работа, активностите и целите. Преку овој центар, младите можат да остварат контакти со други младински организации од Европа, да разменуваат искуства и знаења, да се информираат за можностите да учествуваат на тренинзи, конференции и други настани, и слично. Исто така, тука можат да се објавуваат повици за партнерство, апликации за проекти или програми и други информации.
М.И.
|
|