ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЦАРДС

Помош за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово
 

На почетокот на минатиот месец во Брисел, Европската комисија ја одобри Годишната програма за Македонија, Србија и Црна Гора и Косово. Во 2003, преку Програмата за помош на заедниците за реконструкција, развој и стабилизација (ЦАРДС), на Маке­донија и се доделени 38,5 милиони евра, наменети за реформите и за модернизација. Целта е да се поддржат институционалните и административните процеси во демо­кра­тијата, економската реконструкција и гра­дењето на граѓанското општество.
Девет милиони евра се наменети за проекти за локална инфра­структура, три милиони за програми за високо образование, 2,75 милиони за развој на националните институти за стан­дар­ди­зација, метрологија, акре­дитација и квалитет, 1,5 милиони за развој на човекови ресурси во претприемништвото, два милиони за зајак­нување на царинската  администрација, 1,8 милиони за промоција на интеретничките односи, 1,2 милиони за развој на граѓанското општество итн.

Исто така, Европската комисија ги одобри и годишните програми за Србија и Црна Гора, која во 2003 година преку програмата ЦАРДС  ќе потроши 229 милиони евра во Србија и 13,5 милиони евра за поддршка на нивните реформи и напорите за модер­низација за добро управување, економска реконструкција и развој на цивилното оп­штество. За Косово во оваа година се издвоени 53 милиони евра за итна хума­нитарна помош, одржлива рекон­струкција преку ревитализација на економските актив­ности, градење на институциите и социјален развој.

Г.Ш.