31 мај ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Светски ден против пушењето
Овој датум во светот се одбележува како ден посветен на борбата против пушењето, кое во многу држави се третира како болест на зависност. Вообичаено, на овој ден се превземаат разни акции и се започнуваат кампањи кои имаат за цел да ја намалат оваа штетна навика, особено кај младите лица. Светскиот ден против пушењето е поддржано често пати и од самите влади и од големите невладини организации како Гринпис, Пријатели на Земјата и други. Нека биде повод за акции и кај нас, во кои можат да се вклучат здруженијата кои работат во областите на животната средина, здравјето, младите, човековите права, пристапот до правдата, но и не само тие.
|