Светска организација на НВО

Код на морал и однесување на НВО

Најновите ударни меѓународни вести, на пр. “Невладините организации: успешни или измамници?”, или “Непрофитните организации треба да се “прочистат”, не само што ја истакнуваат загрижувачката реалност на лошо однесување на непрофитните организации, туку и ја подвлекуваат важноста на одговорноста и транспарентноста на истите. Во обид да се промовира и зачува интегритетот и моралното однесување во сферата на хуманитарното и непрофитно работење, Светската организација на невладини организации (ВАНГО), со помош на комитет од над 50 НВО од различен спектар, го изготви Кодот на морал и однесување на НВО, кој е применлив на целиот непрофитен сектор.

Документот претставува основа на Кампањата за морален код, а организацијата замолува за поддршка на своите напори, со потпишување во интернет-формуларот како поддржувач на Кодот на моралот и однесувањето на НВО со испраќање во форма на циркуларно писмо на контактите и партнерските организации од непрофитната заедница. Со поднесување на интернет-формуларот, името на организацијата ќе се појави како линк на Кодот на моралот и однесувањето на ВАНГО. (www.wango.org/codeofethics)