МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ОСТЕОПОРОЗА

Мисијата за превенција и терапија на остеопорозата

Македонското здружение за остеопороза (МЗО) од Скопје е невладино и непро­фитабилно здружение, регистрирано во 2000 година.
“Нашата визија, како здружение, е Маке­донија да биде земја во која нема да постои заболувањето остеопороза. Мисијата ни е да ги мотивираме жените да преземат акција за превенција и терапија на остеопорозата. По препорака на ИОФ го пререгистриравме здружението, така што го поделивме на два оддела: медицински оддел (проекти и истра­жувања) и одел за пацинти кој истовремено ќе биде одговорен за комуникација со јавноста и за изразување на мислењето на пациентите”, рече доц. д-р Снежана Марко­виќ-Темелкова, прет­седателка на МЗО.

Како медицински оддел плановите на МЗО за следните три години се: да спроведе пре­давање и едукација на заинтересираните групи пациенти и субјеки низ градовите на Македонија; да истапува во медиумите со цел информирање на јавноста за опасностите кои остеопорозата ги носи со себе - нејзина превенција и терапија; да врши едукација на медицинскиот персонал за навремено пре­познавање, дијагноза  и правилно водење на заболувањето; да покренува иницијативи за донесување закони и прописи за заштита на жената во и околу менопаузата како основна причина за остеопорозата; да води проекти кои се однесуваат на остеопорозата; да формира центри за остеопороза и да врши нивно меѓусебно поврзување, со цел навре­мена дистрибуција на информации од облас­та на остеопорозата, како и за поедно­ставно водење на проектите; креирање база на податоци во однос на чинењето на дирекните и индирекните последици од оспеопорозата, степенот на инвалидноста и смртноста кои таа ги носи со себе.

“Уште со самото регистрирање на организацијата, бевме при­мени како придружни членови на ИОФ (Интернатионал Остео­поросис Фоундатион - ИОФ) чие седиште е во Швајцарија, а главен патрон е кралицата Ре­нија од Јордан”, рече Мар­ковиќ-Темелкова. Во ИОФ чле­нуваат 176 земји од светот. “Во текот на 2000 година во април станавме редовни членки на ИОФ со сите права и обврски коешто таквото членување ги носи со себе”, додаде прет­седателката на Организацијата.

Остеопорозата е системско скелетно забо­лување кое се карактеризира со ниска коскена густина, микроархитектурни промени и склоност кон скрешеници и при најмал удар.Таа погодува над 75 милиони луѓе во светот (1:2 во однос на жените и 1:8 во однос на мажите). Над 3,5 милијарди евра годишно во Европа се трошат за лекување на после­диците од остеопорозата. Само 20 % од жените со остеопороза примаат адекватна терапија.

Д.М.