Нобелова награда за мир

Кениската екологистка Вангари Матаи, прва наградена африканка

Вангари Матаи, годинешната доби­тни­чка на Нобеловата награда за мир, е родена на 1 април 1940 година во Ниери, Кенија. Таа е првата жена од Аф­рика која ја освоила оваа прес­тижна награда, а дванаесетта во лис­тата на наградените, воведена во 1901 година.

Матаи се образувала на универзитети во САД и Кенија, по што во 1973 година станала претседател на кенискиот Црвен крст. Од 1976 година е првата жена претседател на Одделот за ветеринарна анатомија на Универзитетот во Најроби, и наедно  прва жена професор на истиот универзитет. Во 1977 година го формира движењето Зелен појас, со кое мобилизира илјадници Кенијци да ја пошумат својата држава. Од 1981 до 1987 е претседател на Националниот совет на жените на Кенија, во 1997 година се кандидира на претседателските избори во државата , а во 2002 година е избрана за член на Парламентот. Следната година е назначена за заменик-министер за животна средина, а годинава беше и прва жена од африканскиот континент номинирана за престижната награда.

Вангари Матаи го формира движењето Зелен појас во 1977 година, чија работа & ја донесе Нобеловата награда за мир вредна 1,36 милиони долари. Со движењето  издејствува посадување на околу 10 милиони дрвја за заштита од ерозија на земјиштето, како и за обезбедување дрва за огрев. Извештајот на Обединетите нации од 1989 година забележа дека само 9 дрва се засадени на 100 исечени, што резултира со одрони на земјата, загадување на водата, проблеми со набавката на огревно дрво и недостаток на храна за животните. Програмата се спроведуваше првенствено преку жените во селата во Кенија, кои со заштитата на животната средина и со засадувањето на дрвјата на своите деца им обезбедуваа подобри услови за живот и посигурна и почиста иднина. Матаи, како професор на биологија на универзитетот во Најроби можеше да избере комотен живот на добро образована и солидно платена жена, во земја во која жените живеат поинаков живот. Наместо тоа, таа го формира Зелениот појас, со цел да го промени животот на тие жени и да & помогне на економијата во Кенија што многупати ја стави во животна опасност.

Наградата на Вангари Матаи ќе & биде доделена на 10 декември во Осло.

С.Н.