Појмовник

Стратешко планирање
долгорочно планирање, содржи општ преглед на деловната политика на организацијата, тековните и новите активности и дава слика за тоа како ќе се развива организацијата во договорен временски период.

Стратегија:
план за реализирање на целите на организацијата.Во организациски контекст уште се нарекува долгорочно планирање. Стратегијата се состои од развоен план (што организацијата сака да постигне за одреден временски период, предвидува нови активности, измена на постоечките и/или нови корисници), стратешки план ( како сите развојни текови се вклопуваат и како влијаат врз ресурсите: луѓе, финасиски средства, време, опрема) деловен план ( содржи и проектирани трошоци за активностите на организацијата, предвиден приход, и финансиските потреби за покривање на трошоците).