За првпат во Македонија
Ромски економски форум
За првпат во Македонија, од 25 до 26 март во Скопје беше одржан Ромски економски форум, организиран од Ромскиот меѓународен центар во Македонија (РМЦМ), Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), ХДЗР Месечина – Гостивар, ЦРЗ Дром – Куманово, ХДЗР Кхам – Делчево, ЗЖР Есма од Скопје, РОЖМ Даја од Куманово, Ромаверситас и Хоризонти од Скопје како и од Филис Демирова и Шемси Шаинов. Неговото одржување финансиски го помогнаа УНДП, МЦМС, МРФП, Швајцарска агенција за развој и соработка, УНХЦР, ФИООМ, Британската амбасада и Амбасадата на САД .
Беа презентирани дел од актуелените сознанија за состојбата во земјава, како што се констатациите добиени од едно истражување спроведено од страна на припадници на локални ромски граѓански организации во пери-одот од 25.12.2003 до 9.01.2004 во ромските населби во Македонија, каде ромска популација е над 2,5%. Добиените резултати говорат дека над 50% од анкетираните Роми при барањето работа се соочиле со етничка дискриминација.
На Форумот е разгледувана владината и меѓународната програма за Ромите во Македонија, развојот на малите и средните претпријатија и можностите за вработување во земјава, како и економските можности за ромските жени. и др.
Д. М.
|