Најхуманите фудбалски фанови во акција

„Испраќајте дресови во Македонија“

Фудбалските фанови од Хадерсфилд - Велика Британија, итно треба да пронајдат стари или непотребни фудбалски дресови и да го дадат својот придонес во добро­творни цели. Со подарување на дресовите тие треба да ја помогнат програмата за помош на деца и возрасни луѓе со пречки во развојот во поранешна Југославија.

Организацијата „Yorkshire Building Societs“, во рамките на својата кампања “Испраќајте дресови во Македонија”, има за цел да испрати што е можно повеќе дресови во Македонија, а истовремено се работи на евидентирање  кој град од Велика Британија ќе покаже дека има најхумани фудбалски фанови. Дресовите во Македонија ќе ги дистрибуира мрежата на млади волонтери „Blu Sky“. Тие треба да се подаруваат во посиромашните села, како и во сите етнички заедници и различните добротворни и волонтерски организации. “Македонија има многу различни етнички групи и длабоки економски и социјални проблеми. Но, фудбалот е едно од нештата коишто ги поврзува сите луѓе” -  смета Тања Милс од „Yorkshire Building Societs“.

Заинтересираните се покануваат да го донесат својот дрес во некоја од канцелариите во Hadersfild, Slejtvejt, Honli или Holmfirt или да го испратат во “Send Shirts to Skopje”, на адресата c/o Catapult PR, 19а-20а Маrch Mill Vllage, Throthton, Cleveleys FЅ5 4JZ.