ВИТРА

Трговија со луѓе

Невладината организација ВИТРА (Визија-Иницијатива-Творештво-Развој-Афирмација) со седиште во Скопје, ја издаде книгата "Трговија со луѓе" на авторите Љупчо Арнаудовски и Трпе Стојановски. Во книгата е направен осврт на проституцијата и трговијата со луѓе во Република Македонија, воведување во проблемот, сексуалноста - богатство и основа за деградации во животот на човекот, проституцијата како социопатолошка појава, трговијата со жени како организиран криминалитет со осврт врз меѓународни документи, и други значјани податоци.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Европската унија.