ИЗБОР

Хуманитарна помош на семејства кои згрижуваат во Македонија

На 1 јули, 2001 година, италијанската невладина организација CRIC започна проект финансиран од Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската заедница - ECHO, со цел да се одржи и зголеми посвојувањето на децата без родители. Проектот е имплементиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика, преку Институтот за социјални работи, кој пак има триесет Центри за социјална помош во земјата.
Со проектот се обезбедуваат нео­пхо­д­ните предмети за домаќинство како на пример огревен материјал, печки, кревети и постелнина кои се дистрибуираат во  семејства кои згрижуваат деца. Со програмата исто така се обезбедуваат и палта, зимски чевли и училишни чанти за усвоените и за родените деца на овие семејства.
Воедно, сите семејства во земјата кои згрижуваат деца се посетуваат со цел да се направи истражување за можното продолжување на хуманитарната помош на ова поле. Проектот тече напоредно со процесот на деинституционализација, кој е долгорочна цел на UNICEF, на Детската агенција при Обединетите нации и соодветните владини министерства.


3,15 милиони евра хуманитарна помош

Европската комисија одобри план за финансирање на Балканот кој и овозможува на ЕЦХО да продолжи со помошта за бегалците, внатрешно раселените лица и останатите ранливи популациски групи во регионот. Нашата земја ќе добие 3,15 милиони евра за периодот мај 2001 – март 2002 со кои треба да се финансира помошта во следните области: храна, јавни услуги, социјален и здравствен сектор во целата земја. Овие сретства треба да поддржат и активности за помош на внатрешно раселените лица - жртви на моменталната криза во земјата, и доколку се оцени дека е потребно, ЕЦХО ќе размислува и за дополнително финансирање во иднина.
(European Commision Newsletter)