Ден на Планетата Земја - 22 април
Повик за акција во борбата против глобалното затоплување
Министерството за животна средина и просторно планирање по повод 22 април - Денот на планетата Земја, во рекреативниот центар Сарај во Скопје организира манифестација под мотото „Кампања за решенија за климата”. На неа учествуваа и општините Сарај и Ѓорче Петров, а ресорното министерство донира контејнери за отпад и садници за основните училишта во двете општини. На учениците учесници во кампањата им беа доделени и награди за најдобар еколошки цртеж, екомаска и екопарола.
По повод Денот на планетата Земја, еколошкото друштво „Опстанок” искажа загриженост и незадоволство од односот на граѓаните кон зачувувањето на животната средина. “Планетава е нашиот заеднички дом и за неа треба да се грижиме сите - од најмали до најголеми, од најсиромашни до најбогати. Антропогеното загадување на воздухот, водата и почвата многу сериозно и со видливи последици го загрозуваат нејзиниот опстанок.” - посочува ЕД „Опстанок” и апелира на превентивното дејствување, почнувајќи од обичниот граѓанин, па с$ до највисоките претставници на власта, како и на постојана едукација уште од предучилишните установи, па с$ до високото школство.
22 април годинава Обединетите нации го одбележаа под мотото „Повик за акција во борбата против глобалното затоплување”, со цел да потсетат на одговорноста кон планетета Земја.
Светскиот ден на планетата Земја е промовиран во 1970 година од тогашниот американски сенатор од Висконси, Гејлорд Нелсон, кој прв повика на национални протести за заштита на животната средина.
|