Република Киргистан
Подобрување на одржливоста на системот за наводнување
Вашингтон, 19 јуни 2007 година – Бордот на Извршни директори на Светската банка, го одобри грантот на ИДА во износ од 16 милиони американски долари за Вториот проект за наводнување ОИП-2 (ОИП-2) за Република Киргистан. Новиот проект ќе помогне да се одржат и понатаму да се прошират постигнувањата остварени со првиот таков проект, кој се фокусираше на основање, обука и поддршка на Асоцијацијата на корисници на вода (ЊУА), како и на помош при рехабилитацијата и модернизацијата на системите за наводнување. Проектот исто така ќе добие и финансии од страна на Република Киргистан во износ од 4,55 милиони американски долари.
Земјоделството игра важна улога во економијата на Киргистан. Во текот на изминатите десет години, секторот постојано придонесува со 35-40 проценти од бруто домашниот производ и обезбедува вработување за повеќе од 50 проценти од работното население на земјата.
За повеќе информации на www.worldbank.org.mk.
|
|