Летна школа за религија и јавен живот
“Заедништвото и плуралитетот во Европа”
Во соработка со проектот Младината и наследството, Столац од Босна и Херцеговина ќе биде домаќин на првата половина од Четвртата меѓународна летна школа за религија и јавен живот (ИССРПЛ) што ќе се одржува во периодот од 23 јули до 16 август 2006 година.
ИССРПЛ е единствена глобална иницијатива, која ги комбинира плуралистичката перспектива на религиозната мисла и социјалното научно истражување на толеранцијата, граѓанското општество и отворениот дијалошки пристап кон педагошката пракса.
За аплицирање и подетални информации побарајте го документот Столац 2006 (www.ifbosna.org.ba) или контактирајте со ИССРПЛ на issrpl2006@hebrewcollege.edu.
Летово ќе се одвива и Меѓународната конференција за единство и плуралитет во Европа: “Религијата и јавниот живот”, чија цел е продуктивно навраќање на седумгодишната работа на меѓународната мрежа на академици и религиозни водачи, кои се бореа да ги редефинираат врските помеѓу светите традиции и модернистичките култури во различни делови на светот. За повеќе информации видете го документот Столац 2006 (www.ifbosna.org.ba) или контактирајте со нив на ifbosna@bih.net.ba.
|