17 јуни
Ден на борба против суши и поплави
Сушите и поплавите се природни феномени кои одземаат животи, ја деградираат животната средина и придонесуваат за продлабочување на сиромаштијата во многу региони во светот. Меѓународниот ден на борба против сушите и поплавите, востановен од ООН, има за цел да ја поттикне и да ја зајакне борбата против овие негативни природни влијанија, кои во многу случаи се предизвикани од човековите активности (сечење на шумите, промена на климата и микроклимата, загадување на животната средина).
|