22 март 
 
СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА: Заштита на основниот животен ресурс

На 22 март во светот се прославува Денот посветен на основниот животен ресурс - водата. Овој, 21 век, според многу еколошки прогнози, ќе биде век на недостиг на вода за пиење, а одредени проценки најавуваат и војни кои ќе се водат заради водата.
Затоа, водата треба да ја штедиме и да ја заштитуваме од загадување. Овој, светски ден посветен на водата, нека биде поттик за граѓанско ангажирање за заштита на течноста која значи живот.