ЕВРОПСКА УНИЈА
Чисти економии
Чистите економии се една од клучните цели на ирското претседателство со Европската Унија – објави во повеќе наврати владата на Ирска. Во таа смисла, ЕУ покрена неколку иницијативи кои се однесуваат на повисоките еколошко-економски стандарди.
“Чистите економии, каде стандардите за заштита на животната средина и економските агенди дејствуваат рака под рака, се клучни за просперитетот на Европа и на Ирска” – изјави неодамна министерот Мартин Кулен од ирската влада. Европската Унија, спроведувајќи ја оваа цел, која е во контекст на европската политика за развој која се базира на прифатениот принцип на одржлив развој, понуди помош на новите членки, како и на оние кои го започнаа процесот на интеграција во ЕУ за воведување на еколошките стандарди во производството.
М.И.
|
|