Граѓанските здруженија на Законот за донаии и спонзорства во јавните дејности
Анлиза на потребите и адекватни решенија
На седницата на Собранието на Република Македонија, одржана на 22 февруари 2006 година, пратениците го изгласаа предлогот за донесување закон за донации и спонзорства во јавните дејности, предложен од група пратеници. Неговото донесување е најавено за март, годинава.
Овој закон, од исклучително значење за невладиниот сектор, предизвика дебати во однос на неговотот донесување и содржина. На 16.02.2006 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организира средба по повод работната верзија на законот. На средбата учествуваа претставници на невладини организации, Граѓанската платформа, Фондацијата Мобимак, Фондацијата Борис Трајковски, Организацијата на потрошувачите, ОБСЕ и други организации, кои дискутираа и даваа препораки за работната верзија на законот, со цел да се донесат предлози коишто ќе бидат доставени до предлагачите за изнаоѓање поефикасни решенија. Ставот на ФИООМ е дека овој закон треба да се донесе во редовна, а не во скратена постапка. Дефинитивно, и надлежните органи одлучија да биде запазена редовната, а не скратената постапка за неговото донесување. Исто така, на средбата се препорача да се направи сеопфатна анализа на потребите и состојбите во државата и врз база на тоа да се донесат адекватни решенија. Предлог-заклучоците можат да се најдат на веб-страницата на ФИООМ: њњњ.сорос.орг.мк
|