ИНСТАТ и УНИЦЕФ предупредуваат
Злоупотреба на детскиот труд во Албанија
По повод 12 јуни, Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд, ИНСТА (Институтот за статистика на Албанија) и УНИЦЕФ алармираат за злоупотреба на детскиот труд во Албанија. Тие потенцираат дека и донесувањето на новиот Закон за труд според кој најниската возрасна граница за вработување изнесува 16 години, што би значело и дека децата на возраст од 13 до 18 години би се вработувале на најразлични позиции. Законот исто така предлага посебна заштита за вработените деца. Студијата проценува дека во Албанија работат околу 30 проценти од децата на возраст до 18 години, а бројката е највисока во руралните области каде децата најчесто се занимаваат со земјоделски дејности. Извештајот што го изготви УНИЦЕФ покажува дека зборот “дете” веќе подолго време не е во употреба во голем дел од албанските семејства. Штом детето наврши 14 години (ова особено се однесува на момчињата), самото семејство се обидува да да најде начин да го испрати да работи во странство. Но, исто така и во оваа категорија, децата не се заштитени и се загрозени на најразлични начини, ранливи во многу погледи. Анализата извршена од страна на Центарот за човекови права на децата од Албанија преку прашалник во кој се бараат причините зошто децата го напуштаат училиштето, покажува дека една четвртина (25%) од децата го напуштаат училиштето за да работат. Според некои проценки, околу 50.000 деца во Албанија на возраст под 18 години, се вработени, или со скратено, или со полно работн време. www.oneworld.net
|
Србија и Црна Гора
Стипендии за Ромите во Црна Гора
Фондацијата “Roma Scholarship” е основана во Црна Гора со цел да ја поддржи интеграцијата на ромското население преку образование, во рамките на проектот “Развивање на лидерските потенцијали на Ромите во Црна Гора”, имплементиран од страна на Канцеларијата на ОБСЕ во Подгорица, а финансиски поддржан од Амбасадата на Холандија. Целта на Фондацијата е да ја поддржи интеграцијата на ромското население преку процесот на образование, како и со обезбедување пристап до неопходните средства за започнување или продолжување на формалното, но и неформалното образование, доколку тоа би помогнало во понатамошната интеграција во формалните области. Во моментов, Фондацијата обезбедува стипендии за шест ученици Роми за Филозофското училиште во Никшиќ, катедра за предучилишно образование, како и за седум студенти од школата за новнарство кои во моментот се вклучени во подготвителната настава организирана од страна на Канцеларијата на ОБСЕ. Предавањата се одржуваат во просториите на фондацијата, која обезбедува и стипенди за 30 средношколци во Црна Гора. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Фондацијата или пишете им на fsr@cg.yu.
|
Косово
Албанско-српски форум за размена на информации
Почнувајќи на 9 јуни, целокупната јавност, како и луѓето кои се заинтересирани за размена на информации помеѓу Србите и Албанците ќе можат тоа да го сторат преку албанско-српскиот форум за размена на информации на www.kosovakosovo.com. Форумот е отворен во соработка со три организации: Медија центар на Агенцијата Бета од Белград, Косовската новинска агенција “KosovaLive” од Приштина и Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа – ЦДРСЕЕ од Солун. Овој форум доби поддршка и од Високиот претставник на ЕУ за ЦФСП, Хавиер Солана, како и од д-р Ерхард Бусек, специјален координатор на Пактот за Стабилност за Југоисточна Европа и од шефот на Мисијата на Обединетите нации за Косово, Сорен Јесен Петерсен. Форум е изготвен како платформа за отворање дискусии по главните теми поврзани со Косовското прашање, меѓу кои исто така има и политички прашања. Првата тема за дискусија ќе биде прашањето за исчезнатите лица. Соговорници во овој виртуелен дијалог ќе бидат шефовите на делегациите на работните групи за исчезнати лица од Приштина и Белград, Рагип Зеколи и Вељко Одаловиќ. Поширока и долгорочна цел на овој проект е проширување и зајакнување на заедничкиот интерес на српските и на албанските медиуми и новинари, како и самите општества пошироко. |
|