ШЕСТА ЕАП НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА
Наш избор, наша иднина
„Животна средина 2010: наш избор, наша иднина“ е насловот со кој е најавено усвојувањето на Шестата акциска програма за животна средина (ЕАП) на Европската Унија. Текстот на ЕАП е достапен на веб-страниците на ЕУ. Во неа се зацртани четири приоритети: климатските промени, природата и биодиверзитетот, животната средина, здравјето и квалитетот на животот, и природните ресурси и отпадот.
Шестата акциска програма за животна средина е усвоена од Европскиот парламент. Усвоена е и стратегијата за имплементација на ЕАП, која ќе се спроведува во две фази. Стратегијата има седум тематски стратегии кои се однесуваат на воздухот, почвата, пестицидите, пристаништата, отпадот и рециклирањето, урбаната животна средина и одржливото користење на ресурсите.
М.И.
|