Појмовник
Застапување е процес (значи нешто трајно во времето и просторот) на дејствување со цел да се постигнат (посакуваните) социјални промени во општеството, а за да односите на моќта и распределбата на богатството станат подемократски и поправедни и за да им обезбеди на маргинализираните (дискриминирани, одбиени, депривилегирани) групи на луѓе, простор во јавното одлучување, па така да се направат нивните животи и околина поздрави, посигурни и попродуктивни
Лобирање претставува пракса на влијание врз одлуките на владата од страна на претставници кои застапуваат некои посебни интереси. Лобирањето го сочинуваат низа акции чија цел е извршување на одредено влијание. Основната целна група на акцијата на лобирање ја претставуваат донесувачите на одлуките.
Преговарање претставува процес на дискусија мегу најмалку две страни со цел постигнување заеднички договор.
|