Хрватска

Финансирање на младински клубови?

Хрватската младинска мрежа (ХММ), заедно со многу други менаџери на младински клубови во земјата, реагираше на не­одам­на отворениот конкурс за грантови од страна на Мини­стер­ството за семејство, ветерани и меѓугенерациска солидарност (МСВМС), поставувајќи прашања за критериумите за учес­тво. Поддршката која првенствено била насочена кон зајакнување на капацитетите на младинските клубови, подоцна е пре­наменета за поддршка на проекти. Една можна негативна последица од моменталните критериуми е постојаната не­ста­бил­ност и недостатокот од одржливост на клубовите, а во пер­спек­тива, дури и престанок на работата на “помалите” клу­бо­ви.

На состанокот воден помеѓу претставниците на младинските клубови и асоцијациите од една страна, и Министерството од друга, е донесен заклучок за редефинирање на критериумите за работа на младинските клубови. Најавен е итен состанок на кој ќе се дискутира толкувањето на клучните еле­менти на конкурсот и ќе се објават крите­ри­у­ми­те  кои ќе се користат за оценување на доби­ени­те предлози. Претставниците на младинските клубови и асоцијации велат дека оваа ситуација е дополнителен товар за работата на клубовите. Како и да е, тие истакнуваат дека овој договор ја избегнува можноста за преиспитување на конкурсот, што би го пролонгирало веќе преки­на­тиот доток на финансии на испразнетите фон­дови на младинските клубови, во најлош случај до јули оваа година.    

Г.Ш.