ФИООМ И ФОНДАЦИЈАТА КИНГ БОДУЕН

Живо наследство

Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во соработка со белгиската фондација Кинг Бодуен, продолжува со програмата "Живо наследство", чија основна цел е да го поттикне развојот, посебно на малите општински заедници преку мобилизирање на локалните ресурси, а посебно од областа на културното, историското и природното наследство.

Со оваа програма ќе бидат опфатени неколку мали градови и села од Македонија (под 25.000 жители), а идејата е наследството од областа на културата и историските и природните вредности на заедниците да бидат ставени во функција на иднината - на развојот на одредени дејности, заживување на традиционалните вредности, како стари занаети или пак еко-туризмот.

Проектите ќе се спроведуваат во текот на една година.

М.И.