ИзвеШтај на Европарламентот за рамноправност на половите

Македонија има лоши закони против дискриминација на жените

Во последниот извештај на Европскиот парламент  посветен на ситуацијата  во која се наоѓаат жените од сите земји на Југоисточна Европа (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора, Турција и Хрватска),  за Македонија стои забележано дека “земјата не располага со соодветни механизми за целосно  спроведување на  законските  и правните диспозиции  кои се однесуваат на рамноправноста на половите”. Потенцирано е и дека  положбата на македонските жени во голема мера се должи и на  стереотипите за улогите кои традиционално треба да ги извршуваат мажите и жените, а посебно е нагласен проблемот на сексуално искористување на девојките во нивните семејства, особено во руралните средини и меѓу Албанците и Ромите, што како се наведува “не се третира за сериозен проблем”. Упатена е и забелешка  дека Македонија не располага ниту со законски дипозиции за борба против трговијата со жени, и поради тоа од македонската влада се бара да ги воспостави потребните законски норми.

Општа е констатацијата дека во некои земји од Југоисточна Европа ситуацијата е далеку од идеална, што се смета за проблем од големо политичко значење.                                                                                

К.Б