СОЖМ
Десет години растеж
Сојузот на организациите на жените на Македонија прославува 10 години од своето основање. Прославата е збогатена со изложба на фотографии, документарен филм за СОЖМ и посебна едиција – брошура посветена на овој голем јубилеј.
Жените членки во оваа најголема женска мрежа во Македонија велат дека се среќни и горди што сите овие години успеале да ги остварат своите цели – еманципација и едукација на жената, застапување на рамноправноста меѓу половите и на феминизмот како филозофија, политичко јакнење на жената, ширење на соработката, довербата, мирот, химаноста, развивање на демократските процеси. Како иницијатива на СОЖМ, се отворија првите СОС-телефони за жени и деца жртви на насилство, првиот Декументациски центар за женски прашања, првите Женски студии во Македонија...
СОЖМ е специфична по тоа што промовираше и спроведе посебен модел на вмрежување, при што членките – организациите на жени – работат самостојно, но сите ја делат визијата и мисијата на СОЖМ. Мрежата стартуваше како иницијатива на 13 женски здруженија, а денес во неа членуваат 70 од цела Македонија.
Во Скопје, како составен дел од СОЖМ делува Канцеларија за поддршка, која дистрибуира информации и остварува врски и контакти во мрежата, а слична улога имаат и трите регионални канцеларии во Куманово, Велес и Кривогаштани.
Славејќи го својот голем јубилеј, жените најавуваат институционални промени и уште повеќе активности и проекти.
М.И.
|