НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ЏОРЏ СОРОС

Американски универзитет на Централна Азија

Џорџ Сорос, бизнисмен и филантроп со унгарско-еврејско потекло, за време на својата неодамнешна тура низ Европа и Азија, на прес-конференцијата во Киргистан изјави дека ќе отвори нов Американски универзитет на Централна Азија. Тој ја најави својата визија дека новата образовна институција ќе биде центар за експанзија на академската слобода и на слободата на говорот во Киргистан и Централна Азија.

Веќе е постигнат договор со претседателот на Киргистан, Ашкар Акаев, за изградба на студентски дом и на конференциски центар, во вредност од 6 милиони долари, од кои една третина ќе биде инвестиција на Сорос, а останатото на владите на САД и на Кир­гистан.

М.И.