ИНТРАК

Курс за градење капацитети

„Интрак“ организира воведен курс за градење капацитети, што се фокусира повеќе на разбирање на процесот на градење и зајак­нување на капацитетот од перспектива на организа­ци­јата. Градење на капацитетот се случува на различни нивоа, на индивидуално ниво, на ниво на организацијата и пошироко во оп­кру­жувањето. Овој курс се концентрира на градење на капацитетот на организацијата и го нуди организацискиот пристап во работата на НВО.

Учесниците ќе стекнат знаења за: разбирање на организацијата ка­ко функционира, се развива и адаптира на брзите и драстични промени во опкружува­њето; разбирање на сличните организации на вашата, начинот на  работа; разоткривање на поимот „градење капацитет“; пренесување искуства; раз­бирање на уло­гата на западните НВО/донаторите во гра­дење на капацитетот на нивните партнери.За повеќе информации обратете се на: r.blackshaw@intrac.org

Г.Ш.