По 19 години
 
САД повторно влегоа во УНЕСКО 

На последната генерална конференција на УНЕСКО, која се одржа во септември годинава во Париз, атракција беше повторното зачленување на Соединетите американски држави во оваа организација. САД излезе од членството на УНЕСКО пред 19 години. Со сегашното, повторно зачленување, тие стануваат 190-та земја-членка на светската организација за заштита на светското културно наследство.

Со тоа, САД прават отстапка од својата генерална политика да не членуваат во меѓународни организации, ниту пак да потпишуваат меѓународни конвенции и договори.

На последната генерална конференција на оваа организација, исто така, беа усвоени две декларации кои се однесуваат на ненамерната деструкција на културното наследство и за заштита на нематеријалното културно наследство.

М.И.