Q&A

НВО И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - СЕГАшНИ И МОЖНИ ИДНИ РЕшЕНИЈА 

Дали добивката на здруженијата на граѓани треба да се оданочува на начин како што тоа се прави сега, или треба да се наоѓаат поповолни решенија - ја запрашавме г-ѓа Душица Костовска-Јаковчевска од Секторот за даночна политика и администрација во Министерството за финансии на Република Македонија. Еве го нејзиниот одговор:  

„Оданочувањето на добивката на НВО не е можно, а и не треба, да се разгледува само од аспект на домашната регулатива, туку е потребно да се проучи и иновативната пракса на другите земји, чии решенија даваат гаранција за прогрес во овој дел.

Сегашно решение - Основна карактеристика на  даночниот третман на добивката  кај НВО во РМ е нејзиното оданочување кое не се разликува од оданочувањето на останатите правни лица. Сепак, и покрај општиот неповолен даночен третман,   заради целос­ната претстава и потребата за отворање на процесот на подобрување, треба да се наведат одредени даночни бенефиции, коишто се од значење за НВО:

1. Во   Законот за данокот на добивка („Сл. весник на РМ“, бр 80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 5/97, 28/98, 11/2001, 2/2002 и 44/2002) се изземаат од оданочување (преку усогласување на приходите) прибираните  средства, коишто се со наменски карактер и коишто во истата висина во која се оства­руваат се распоредуваат за одредена намена (спонзорства, донации и друга помош, членарини и други средства коишто не се наменети за вршење на дејноста и чија единствена функција е само прибирање и распоредување за одредената намена). Услов за користење на ова даночно олес­нување е одобрените средства да се користат според донесена одлука, финансиски план и про­грама за начинот, постапките и роковите на нивното користење. Исто така, неопходно е да се презентираат соодветни докази за користење строго наменските средства.      

2. На давателите на донациите и спон­зорствата за научни, хуманитарни, културни, образовни, здравствени, религиозни и спор­тски цели, освен издатоците за про­фесио­нален спорт, трошоците направени по овие основи имаат третман на признат расход во висина до 3% од вкупниот приход, под услов да се исплатени во корист на јавни установи коишто се финансираат од буџетот или на Црвениот крст на Република Маке­донија.

Идни решенија - Проф. д-р В. Пендовска со право ќе забе­лежи: „при­чината за не­со­одветниот даночен третман на непро­фитните орга­ни­зации (НПО) би мо­жело да биде тоа што даночната реформа на по­лето на ода­ночувањето на доходот/добивката беше завр­шена пет години пред ста­пување во сила на ЗЗГФ. Не­по­стоењето јасен зако­но­давен профил на НПО во сите релевантни аспекти му оне­воз­можи на зако­но­да­вецот да пропише фис­кални пот­тик­нувања со да­ночните закони доволно детално и кон­зис­тентно.“ (,„Билтен“ на МФ, бр.12/200, стр.45)

Прегледот на даночните закони што имаат влијание врз невла­дините орга­ни­зации во Цен­трална и Ис­точ­на Европа (издание на МЦМС, 2002) ни овоз­мо­жува да ги согледаме нив­ните  решенија и да се опре­делиме за оние кои би мо­желе да ги вградиме во нашето законодавство. 

а) Идни решенија за ода­но­чувањето на добивката од стопанските  актив­ности на НВО

Оданочувањето на при­хо­дот од вршењето на сто­панските активности на НВО е актуелно, без разлика на практичната забрана во Законот за здру­женија на граѓани и на фондации.
Како најдобар предлог би било решението да се ослободува од плаќање данок добивката во износ до 10.000 евра кои не се во врска со остварувањето на статутарните цели на НВО, остварена од вршењето на стопанските активности. Приходите добиени од вршењето на статутарните цели на НВО кои се употре­буваат за остварување на истите цели не влегуваат во овој цензус, тие се ослободени од данокот на добивка.
Според наведеното, се ослободуваат од данок на добивка сите стопански активности кои се поврзани со остварувањето на ста­тутарните цели на НВО, на пример,  се ослободува приходот остварен од про­дажбата на „бели стапови“ кај НВО која во својот статут има запишано дека остварува грижа за слепите. НВО Ќе биде ослободена и за приходот до 10.000 евра, којшто Ќе го оствари од вршење стопански активности кои немаат никаква поврзаност со статутарните цели, но доколку износот на до­бивката  го над­минува износот од 10.000 евра, тогаш тој износ над 10.000 евра се оданочува до данок на добивка.

 

б) Идни решенија за даночните олеснувања на донаторите за донации кон НВО

Скоро сите земји имаат воведено една административна обврска: Известување за дадените донации (се практикува месечно извес­тување или известување на по­долги периоди, со испуштање на оние периоди во кои правни лица немаат дадени донации).
Најчесто, донациите дадени на НВО и на јавни установи од об­ласта на здравството, обра­зо­ванието, културата, социјалните грижи, науката и спортот се осло­бодени од данок на добивка.
НВО ги извршуваат оние работи кои во нивно отсуство истите работи треба да ги направи др­­жавата. Ако, пак, се ода­но­чуваат донациите, тоа значи дека др­жавата Ќе собере средства само во соодветен износ на зафаќање на даночната стапка и само во тој износ може да ги финансира овие потреби. Доколку донациите не се оданочуваат, тогаш за финан­сирање на овие потреби Ќе биде наменет целокупниот износ на донацијата.“