ХРВАТСКА

Извештај за воениот криминал на полицијата и на армијата

Радиото „Слободна Европа“ од Прага, Чешка, објави дека Хелсиншкиот комитет за човекови права од Хрватска објави извештај во врска со воениот криминал што го вршеа хрватската полиција и војската, за време на војната која ја распарчи бившата СФРЈ – поточно, за време на “операциите” во Западна Славонија во 1995 година.

Како што е наведено во извештајот, само во оваа акција, која хрватската армија ја нарече „Операција Молња“, биле убиени 80 етнички Срби, сите цивили. Во оваа кампања и подоцна, Србите од Западна Славонија биле и жртви на континуирана кампања на етничко чистење.

Ова е втор извештај на Хелсиншкиот комитет, покрај оној што се однесуваше на слична акција на хрватската армија, наречена „Операција Луња“, исто така насочена кон егзодус на српското и на муслиманското население од хрватските територии за време на војната во 1995 година.

М.И.